Дополнителна електроника

Направи Сам и објави го својот проект

Дополнителна електроника

Postby Leon » 02 Feb 2011, 15:42

Ајде малку електроника околу нашиве превозни средства.

За што станува збор? Слушам се повеќе муабети како реглерите прегорувале и во зависност од моментот на прегорување ако не се примети на време страдале намотките и акумулаторот нели во зависност од тоа кај ке удри спојот кога реглерот ке прегори. Па по тоа прашање малку прочачкав по интернетот и најдов решение кое опфаќа неколку сегменти на работа кои ке ги опишам подоле.

Прво почетокот моментот по наоѓање на шемата и собирање на сите потребни податоци и материјали за изработка на апаратчето започнав со изработка на истото.На почеток требаше да се отштампа плочката каде ке се монтираат сите елементи.

Image

По печатењето следеше бушење на плочката и припрема за монтажа и лемење на ел.компоненти. Интересно е човек да се потсети на целава оваа работа што ја правев бидејки има добри 20 години како не сум печател плочка за проект. Времето си носи свои насоки и потреби но некои работи не се забораваат. Па така по бушењето и монтажата на компонентите готовиот уред го доби следниот изглед. На сликата подоле уредот е веке склопен и приклуцен за тестирање.

Image

Откако на маса помина се во ред со склопениот уред и земајки во предвид дека уредов го изработував во зимски период,а бидејки морав да го тестирам некаде,тоа и го направив во автомобилот мој кој сега преку зима го користам многу често или да кажам редовно. Го поврзав паралелно со веке постоечкиот уред кој го имам во колата и кој е изработен баш од времето кога изработував вакви проекти по активно односно од пред 20г. и уред кој и ден денес ме служи без никаков проблем но е во верзија со еден лед како покажувач,но за него сега не,сега го објавуваме новиот уред кој е со 4 лед светилки кои во зависност од напонот светат различно.

Image

и на крајната слика готов уред во кутија спремен за монтажа на скутер,мотор,автомобил односно истиов овој уред може да најде примена во секое превозно средство кое како напон користи 12V.

Image

Е сега кој се функциите на овој инструмент односно како тој работи.

Инструментот има 4 лед светилки и го мери напонот на акумулаторот и реглерот во взаемна врска односно опсегот на мерење е од 12v до 15v со чекор помеѓу ледовите или ледовите светат со следниов распоред:
под 12v - лед 1 трепка со што дава до знаење дека напонот во акумулаторот е паднат под нивото или доколку почне да трепка во движење односно во вожња значи дека возите на акумулатор и дека реглерот не го полни односно многу скоро ке ви се испразни акумулаторот и ке останете без струја во моторот.
12v - лед 1
12.5v - лед 1 и 2 заедно
13v - лед 2
13.5v - лед 2 и 3 заедно
14v - лед 3
14.5v - лед 3 и 4 заедно
15v - лед 4
над 15v лед 4 почнува да трепка што значи дека нешто околу реглерот и струјата не е во ред односно полнењето на акумулаторот е во опасна граница и му претстои брзо прегорување.

Е сега како напредна функција која е во корист на нашиот џеб и законот за сообраќај кој вели дека во сообраќај мора да се вози со средни оборени светла ја извршува функцијата на аларм за запалени светла односно доколку заборавиме да вклучиме светла ледовите почнуваат да трепкаат наизменично односно добиваме ефект дека трчаат од лево кон десно. по вклучување на светлата инструментот се враќа во позиција на мереќе на акумулаторот. Значи сите напони односно позиции на мерење на напонот на акумулаторот од 12v до 15v се во нормалниот однос на потрошувачка и полнење на акумулаторот додека све под 12v и над 15v ке се одрази штетно по вашиот мотор и акумулатор.

За сите други информации и прашања можете на ПП да ме контактирате.

Во припрема се уште неколку дополнителни апаратчиња:

- трепкачко стоп светло ( на секое стискање кочница стоп светлото трепка 3-4 пати по што се пали константно и целта му е да го разбуди тој позади вас доколку се занесе некаде )

- ел.апарат за жмигавци ( без обврска дали се лед светилки или обични сијалички,а од функции како стандард се лево, десно,а дополнителни функции му се 4 жмигавци и паник светло односно 3 трепкања лево па 3 трепкања десно )
User avatar
Leon
Site Admin
Site Admin
 
Posts: 96
Joined: 19 Oct 2009, 14:00
Location: Skopje

Return to Направи Сам

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 1 guest

cron