Денес во Визбегово, СМТК Мото Скопје во соработка со Оле(совозачицата на покојниот чика Љубо)го организираа првиот меморијален натпревар во спретно возење за велосипеди и моторцикли.
Во чест на нашиот покоен член и по повод неговиот роденден,решивме да го продолжиме она што го започна чика Љубо..а тоа е, да им покажеме на идните наши колеги,дека има и друг начин за натпреварување помеѓу моторџиите покрај оној брзинскиот,на обиколница и на 400 метри.
Натпреварот помина во најдобар ред а најдобрите беа наградени со кациги,блузони и маици Мото Скопје.
Благодарност до Оле и градоначалникот на Визбегово за помошта во организацијата.
Фотографии од настанот ќе следат(кога некој ќе ги закачи)
п.с.Имаше и еден промотивен натпревар за публика од тешкашите!!