ТУРЦИЈА - 2010

Место каде може да раскажете свое доживување

ТУРЦИЈА - 2010

Postby tate » 28 May 2010, 19:46

Турција 2010
На минатогодишното Рели-Македонија имавме гостин од Турција со црвен Голд Винг по име Хакан Полат.
Image
Хакан на релито доби пехар за странец со најголема километража и си отиде од Македонија многу задоволен. Зимата упати покана до нас да го посетиме собирот кој го организира неговиот (Голд Винг)клуб во деновите 20,21,22,23 Мај во градот Манавгат, на 60 км од Анталија према Сирија. Оли,кој го има контактот со Хакан на еден состанок не извести за поканата и собирот стана тема на разговор на наредните состаноци. Една вечер така расположени дури собравме и капар по 50 еур за да го потврдиме патувањето,и како би можело да се формира група за која со сигурност може да се предвидува патувањето,од типот на сместување,возење,тргнување,враќање и т.н.
Планирањето беше оставено на мене,и предложената рута сите пријавени ја прифатија,освен неколкумина на кои подоцна им се виде премногу долга во денови и скапа.
Се ближеше денот за тргнување,вадење меѓународна(ја побара гркот за влез од Турција),зелен картон(фала богу не ни затреба),проверки на моторите(повторно фала богу добро сме ги спремиле) и така натаму.
Во последните денови се откажаа Тони,Благоја и Стапот, што за момент не поколеба и нас останатите и се доведе во прашање патувањето,но на еден кафе состанок се договоривме сепак да патуваме па колку-сме толку-сме, останавме Јас и Лиде на Голд Вингот, Вујче и Вујна на Вестромот,Оли на Голд Вингот и Даре на Магната.
Тргнувањето го договараме за Недела 16.Мај од бензиска Фуфо на излез од Скопје во 8.30 часот.
Следи последната проверка на работи без кои не се тргнува: Јаже за шлеп,Прва помош,ПП-апарат,прибор за гуми,свеќици,ситни алатки и т.н.

1 ден... Скопје,Гевгелија, Солун,Кавала до Александрополис. Околу 550 км
Во 8.30 сите на бензиска,и кој оди и кој не оди..екипата за испраќај е тука,
Image
Image
Image
пиеме кафе и тргаме,убаво време,сите на број..нема причина да не биде се како што треба. Придружбата не пратеше до Велес,каде претпоставувам сврати на кафе. Продолжуваме без нив..
Imageпрвата пауза на граница
Во времето поминато на граница се јавува Василе(Василис) од Кукуш и вели да пројдеме од кај него не чекал на кафе... одиме-одиме,падна договор,и така за малку ја сменивме рутата,па ај преку Кукуш..
Image
Image
Оли го пробува Валкјурито на Василис..
Патот низ цела Грција не треба да се коментира,убав, рамен,супер за возење(ни го спремиле за мерак)ахахаха
Василе не пречека на главниот пат и не одведе во Кукуш на гости,бевме негови гости еден час...пиевме кафе и предизвикавме внимание од локалното население со нашите знамиња и клубски оснаки.
Заврши паузата и тргаме турбо,према Александрополис. На секои 150 км следи кратка пауза за точење гориво во Магната на Даре,која има многу мал резервоар за патување.. Обавезна пауза во Аспровалта за да лапнеме по две гирца,додека поминат дождовните облачиња,кои ги избегнавме.
Стигнуваме во Александрополис (по новиот автопат Солун-Турска граница)за овој автопат е важно да се спомене дека не се наплаќа патарина,ама затоа за секоја пауза и точење гориво треба да се излезе во најблиското градче.
Следи договор за ноќевање, камп или мотел? Изгласавме мотел и се пуштаме по потрага...Најдовме едно хотелче на влезот со прифатлива цена (45 еур за двајца) и се сместивме. Вечерта прошетавме по градот,кркнавме уште по некое гиро и најдовме девојче Бугарче за Дарче- малиот,кој и покрај силната желба не успеа до собере сили(читај евра) да дојде со нас.
Image
Image
Image
Овде го пробавме жардињерите на Даре.. :lol:

Градот убав,поморски,туристички..што да се кажува освен дека тука Аце наш на времето си ги спремал полицајците...хахахах (ова од мене) Бришеме визири, легнуваме,одмараме... толку за првиот ден.
User avatar
tate
 
Posts: 129
Joined: 23 Oct 2009, 07:13

Re: ТУРЦИЈА - 2010

Postby tate » 28 May 2010, 19:56

2 ден... Александрополис,Галиполе,(траект)Чанаккале, и покрај море за Ајвалик...околу 370 км..
Image
За денешниот ден си разговаравме дека ќе биде релаксирачки,со мала километража и никаков проблем за нас.. Се покажа обратното...
Image
Чанаккале..траект,

Лош пат, премногу рапав,силниот ветар те фрла лево-десно,се бориш со моторот на секој метар.. На многу места патот се поправа,ама клети Турци го прават истовремено и во двата правци, мани што го раскопале,па уште и го прскаат нон стоп со вода за да не се крева прашина,па моторите ги направивме лом...Маме им нивно,а ни наплаќаат по 2 евриќа за литар бензин... :lol:
Image
Застани овде,застани онде..гориво,јадење,трте-мрте..си врви денот
Image
Денес не фати малку дожд,ама недоволно за облакање кишни одела,повторно играме слалом со облаците. :lol:
Image
Image
Image
Image
Оли се заинтересира за моторчето...беше несекојдневно
На паузите низ Турција бевме атракција за мештаните, се вртеа околу нас како да се симнале Марсовци...си помислив: Кој ќе се одбрани од публика кога ќе стигнеме на целта!! Арно ама не било така, имало разлика меѓу север и југ...ќе кажам подоцна!
Пристигаме во центарот на Ајвалик , и следи разочарување (барем за мене) очекував многу повеќе да видам овде.. Типично Турско градче,ништо монденско, со еден гооооолем Бит-Пазар како нашиот, кој цел го протрчав под полна опрема со еден гостољубив Турчин кој сакаше да помогне во наоѓањето смештај.
Тоа што го најде Турчето не ни се бендиса,па си тргнавме самите во потрага. На излезот наоѓаме убаво мотелче со поглед на море,(исто 40-тина евра) и следат првите слики со пивото на Фацебук... Оли беше нестрплив да ги пушти веднаш..
Оли и Даре отидоа до град да купат намирници,па си направивме едно убаво гезменце со ракииче,салатичка вечера,пивце.. и ај на спиење, уморни од патот не успеавме ни 22.00 да го дочекаме саатот да чукне. :roll:
Image
User avatar
tate
 
Posts: 129
Joined: 23 Oct 2009, 07:13

Re: ТУРЦИЈА - 2010

Postby tate » 28 May 2010, 20:08

3 ден..Ајвалик, Измир, Кушадаси..околу 260 км

Еееее овој ден е тој релаксирачкиот, целта беше да се посети Кушадаси да видиме какво место е ова..
Image
Навистина било убаво местото..
Image
Image
Ова ти е како да си се симнал од планина директно во центар на Лондон...хахаха Навистина убаво, монденско место. И денес правевме малку слалом со облачињата,ама веќе во Кушадаси не пречека убаво сончево време.. На самиот влез ни истрча еден менаџер пред мотор со понуда за евтин и убав смештај, ај да го видиме... што да видиш, во понатамошното дружење се согласивме дека тоа навистина беше нај убавиот смештај,,Камп,бунгалови,ресторан, базен...за мерак!! За само 20 лири по човек(10 евриќа) добивме бунгалов со базен,кујна,купатило..навистина убаво за ваква група: Чепкање околу моторите,салатите,бањкање во базенчето..и така!
Image
Секој на секого по едни додатни уши :lol:
Image
И Тарзан го сретнавме крај базенот
Image
Image
Некој КУЛИРА
Image
Некој си чепка околу моторот...Сузуки, јеби га !!! :lol:
Image
Image
Ете зошто се носат совозачиците на пат..
Вечерта малку прошетки по Кушадаси,малку романтики,малку заебанции.. и то!
Image
Image
Image
Image
Image
Image
Image
Да имавме место во моторот,ќе го купев цело семејство.. :lol:
Image
Даре како по обичај си ги бара клучевите :lol: :lol:
Се договараме за наредниот ден: Да одиме во Ефес.. 20км ,да го посетиме гробот на Дева Марија,па да тераме за Памуккале...
User avatar
tate
 
Posts: 129
Joined: 23 Oct 2009, 07:13

Re: ТУРЦИЈА - 2010

Postby tate » 28 May 2010, 20:22

4 ден... Кушадаси,Ефес,Ајдин, Памуккале, Фетије...околу 400км

Сабајлето се товараме,точиме гориво и го прашуваме ГПС-от како до Ефес? Како до Памуккале ? Откако ни објасни,јаваме моторите и гаааааассссс !!!
Image
Доаѓаме до Ефес се раскомотуваме и одма приоѓа Турчинот кој бил главен каубој во областа, ни објаснува на лош Кумановски (полош Англиски) :roll: дека за 15 евра ќе не носи со кочијата до горниот дел на Ефес околу 4 км а надоле (околу 2км)пошто било надолно, ќе се враќаме пешки и ќе разгледуваме..паѓа договорот и се сместуваме во двете кочии. Леле кога даде гас на опашот од коњитеееее, мајчиниот,ќе не истумбаше за малку. Купивме по некое сувенирче, и си тргнавме надоле во разгледување на Ефес..камен овде,камен онде, малку програм од задолжените,сликање и т.н.
Image
Image
Многу народ се беше збрало во местово
Image
Image
Image
Image
Image
Image
Исто е како мотор,само нема катализатор,па многу загадува ауспухот... :lol:

Бидна што бидна,утепавме 2-3 часа во прошетката, се облековме и правец за Памуккале..
Арно ама помеѓу Ајдин и Незили, некое си местенце Салавати да ти било мека за џандарите со радарииии..Ми сигнализираа неколкумина од спротива...намналив баш колку што возат мештаните,ама ...ОП- ДУР !! ни вика на мене и на Оли, другите продолжете. Ееее маме му негово, овој ќе не глоби си викам во себе. Ја разврзаа со тој на токи-вокито: Голем мотор? Металик или црн? Убав ли возачот или грд? Кога овој од спротива рече Убав човек, сватив дека на мене ми се намерачиле.. :cry:
220 лири ми вика или 110 евриќа!! Аман бе ?? го прашувам на добар Кумановски а лош Англиски...да,да вика мора да се плати во рок од 10 дена, иначе нема веќе влез во Турција. Добро,добро, се поздравивме му посакавме добар лов за дента и продолживме. Нервозата и спорото возење траеја неколку километри додека не проба еден миксер да не претица..Ааааа маме ви ваше, не дозволувам тоа..гаааас!!! Не беше толку од миксерот колку од екипата што по некое непишано правило за групно возење и колективна одговорност, ми вети дека ќе учествува во казната... ЦВРЦ :lol:
Продолжуваме.. ГПС-от малку се подзагуби во новите патишта што ги прават за Памиккале,па после неколку прашувања,сепак го наоѓаме.

Убавина за очи и душа, да ти било тоа Памуккалето..ај уште 2-3 часа во греење нозе во топлата вода и сликање.
Image
Image
Image
Image
Image
Image
Оли никако да го погоди тајмерот на апаратот... :lol:
Image
И овде трча... :lol:
Image
Вујче и Вујна у загрљај..
Image
По прекрасната глетка и полнење батериите,следувааат уште 200км до Фетије (према морето)
Повторно облачиња,ескивирање,сонце и една пауза за бензин..Се кашуваш на едно планинче од 1823 метри,од кое се пружа еден прекрасен поглед (ако не ти студи,можеш и да уживаш) се спушташ и оп...ете го Фетије...убаво место за разгледување,само немаше ни еден манастир за сликање... :lol:
Се сместуваме во еден прекрасен Апартман (со ваерлес хаха) се тушираме и правец во градот на прошетка и вечера...ај овде,ај онде дури тогаш ни текна дека цел ден не сме јаделе...
По прошетката низ градот одбираме еден убав ресторан со кујна специјална за Македонци (жими таквото) хахаха
Така најадени и напиени повторно не го дочекавме саатот да лупне ни 23.оо сите на спање (освен јас и вујче, ние си носевме жени со себе, па легнавме подоцна) :lol: иако утрината и Даре и Оли беа многу весели :lol:
User avatar
tate
 
Posts: 129
Joined: 23 Oct 2009, 07:13

Re: ТУРЦИЈА - 2010

Postby tate » 28 May 2010, 20:46

5 –тти ден...Фетије,Кас, Анталија, Манавгат околу 360 км..
Утрината решивме да го разгледаме местото,малку покрај бродовите,низ центарот...
Image
Ееееј ќе заборавев нешто интересно..шетајќи налетавме на еден интересен настан, еве го!!
Image
Се работи за девојчиња кои се организирале и ставиле на продажба за туристите разновидни јадења кои сами ги зготвиле...многу беше интересно кога се радуваа на нашиот избор при купувањето...
Image
Вечерта пред спиење наоѓаме некои флаери во пансионот и читаме на нив плажа Плава Лагуна... паѓа договор прво да ја посетима па потоа се пакуваме и продолжуваме. Му кажавме на навигаторот да не однесе тамо и тој не однесе... А тамо? Што да ти причам! Убавина не видена,водата ..солза! Подоцна ми стана јасно зошто луѓето викаа по мене Леонардо!Леонардо! а тоа тука да ти бил сниман филмот Плава Лагуна....
Image
Image
Image
Image
Image
Image
Се пробањавме,се посончавме и околу пладне се натоваривме па на мотор..
Ако имаше некој ден кој беше прекрасен за гледање и возење...тоа беше денешниот,кривинчиња,убав асфалт,поглед .... убавина бре !! Навистина беше вистинско уживање денешниов ден! Ако некој оди на тој крај,не смее оваа рута да ја пропушти.. жими се !!!
Image
Image
Кој бре да мисли на сликање низ тие кривини и убавини... :P
Застануваме пред Анталија, се сликаме и се чудиме колку е голема.. брееее!! Се јавува Хакан, прашува до каде сме и не очекува, човекот се загрижил за нас, изгледа не свати дека сме тргнати за шетање и не се брзаме.. :P сепак забрзуваме, да не не мисли човекот !!
Влез во Манавгат....,Хакан со пријателот стои покрај пат и уклучил на Голд Вингот се што има, свети, од 3 километри се приметува... :lol:
Не носат до кампот кај собирот...
Image
Image
Интересни беа жениве кои на лице место под вршник правеа и продаваа ЃОЗЛЕМЕ, Турски специјалитет
Image
Вујче не дочека да не проба од специјалитетите... :lol:
убава организација, само малку посетители, ај си викаме денес е четврток,ќе има утре, задутре..леле елкиииии, тоа Голд Винзите Турциве ги направиле како елки новогодишни, беа околу 30-тина на број,со се можно на нив...па,па,па.
Тоа беше тоа што ме зачуди..голема земја, на оној крај бевме Марсовци за народот,овде сосема друг свет...вистинска цивилизација.
Седиме,јадеме,пиеме, се забавуваме..ама ни се приспива, заморот го зема своето.... Хакаааан!! Што правиме за спиење? Каде е местото за кампување? Го прашуваме... Добро, штом сте уморни, сега човеков ќе ве носи до смештајот. За смештајот што да кажам, хотелче со 5 звездички, ол инклузив.
Хакан ни објасни дека градоначалникот на Манавгат сакал да го спонзорира собирот, башка менаџерот на хотелчево бил моторџија и член на клубот Голд Винг, па б иле почестени што ваква екипа им доаѓа од толку далеку,па да уживаме и да се чувствуваме како дома (иако дома се покриваат трошковите,овде бевме гости на Хакан)....брееее, убавина ти било тоа ол инклузив.
Се распоредуваме по соби, се истовараме и легнуваме...
User avatar
tate
 
Posts: 129
Joined: 23 Oct 2009, 07:13

Re: ТУРЦИЈА - 2010

Postby tate » 28 May 2010, 21:05

6-ти ден... Манавгат... ден за одмор..
Image
Image
Image
Image
Денешниов ден го трошиме на разгледување на комплексот,сончање,бањање, пуштање по тобоган,пијачка и лапачка колку сакаш..од се живо да се проба,да се види Турската кујна..ај кога се мора,се мора, ќе пробаме... :lol: уживанција !!
Image
Даре ни кажа(разбрал од некој)дека пријателов е исто гостин на Хакан само што кога дошол овде имал 80 кгр...
Ееее што ти е пречек...
Image
Навистина убав комплекс..
Image
Image
Image
да им се изнагледаш на декорацијата.
Image
Собарките секое утро ни ги средуваа собите со нови идеји
Image
Image
Image
Вечерта отидовме на собирот,повеќе народ, и навистина прекрасна организација...модерен,културен собир...со плесна Руска група,точки и квалитетни состави...
Image

7-ми ден... Манавгат, уште еден ден за одмор и прошетка по околината!
И денешниов ден..повторно ден за одмор и дегустација на Турската кујна...Даре и Вујче ја дегустираа до детаљи.... :lol: Сакавме да ја посетиме Анталија,но Хакан не разубеди дека навистина е голема,и дека нема што посебно да се гледа...комплекси зад затворени врати,и плажи.. Ни препорача да одиме до Сиде..историски град во близина на Манавгат..
Image
Image
Image
Налетавме и на еден земјак од Прилеп.. :lol:
Image
Image
Image
Image
Попладнето не повика Хакан за парадата низ градот..имаше околу 200-250 мотори..навистина очекував повеќе, со оглед на тоа дека Турција е 80-тина милиони жители..
Во центарот на градот, атракција за публика, луѓево повикале Стантер кој правеше егзибиции и навистина беше добар..
Image
Image
Image

Вечерта повторно во кампот точки со некоја Бразилска група,малку самба,малку жонглери,малку рок групи,кои навистина беа со висок квалитет...
Image
Image
Image
Вечерта се поздравуваме со Хакан, се заблагодаруваме на дочекот,разменуваме пришивачи, му ја даваме белешката и парите за казната со страв дали лесно ќе излеземе од државата... :o
User avatar
tate
 
Posts: 129
Joined: 23 Oct 2009, 07:13

Re: ТУРЦИЈА - 2010

Postby tate » 28 May 2010, 21:13

8-ми ден... Манавгат, Конња,Аксарај,Невшекир,Гореме(Кападокија) Кулу.....околу 750 км.
Се товараме,се целиваме со домаќините,на мотор и метак за Кападокија...
Image
Image
Малку одмор на Миндерот..

Повторно излегуваме од цивилизација..леле дивина брееее што е нагоре... налетавме и на куќи од кал и на убави културни местенца..
Пред Кападокија застануваме да се сликаме со знакот за Кајсери, кога... замисли, се јавува Фисун на телефон и ми кажува дека кај нејзините во Кајсери имале слава и тамо биле Бурхан,Надиде, Онур, Шехерезад и Кааааан и дека не чекаат на ручек,ако сакаме да се видиме со Бурхан сега е моментот,така да не мораме да влегуваме во Истамбул заради тоа!! :lol:
Image
Image
После ручекот одиме за Кападокија и ја разгледуваме... право чудо за очи...
Image
Image
Image
Image
Image
Image
Image
Image
Се погоди еден студ (9 градуса) и почна да роси..па по разгледувањето решивме да не спиеме тука,туку да скратиме од утрешната тура...па продолжуваме за Анкара.. Решено-сторено, тргаме...
Стигнуваме на 100-тина км до Анкара и решаваме дека е доста за денес, го прашувам ГПС-то кај има спање..вели: на 10км лево имаш хотелче, во некое си место Кулу... ОК, му велам, ќе те послушаме... и не не излажа мајчиниот, навистина на 10 км..го наоѓаме Кулу и мотелчето...
Image
Image
Image
типично Турско градче,каде што пивото мораме да го пиеме на тротоар... Муслиманска држава било ова...брееее мајката, па и она во Манавгат беше истата држава, па си пиевме без проблем... Ресторанчето беше исто така со типична Турска кујна,сервирано по старски,ама вкусно...се налапавме и во кревет.
User avatar
tate
 
Posts: 129
Joined: 23 Oct 2009, 07:13

Re: ТУРЦИЈА - 2010

Postby tate » 28 May 2010, 21:16

9-ти ден.. Азија-Европа, односно Кулу, Анкара,Истамбул, Текирдаг...околу 720 км..
Домаќинот не испраќа,се поздравува со нас, дели визит карти(џоа некој па овде у оваа недоѓија ќе доаѓа на спиење) Се поздравуваме и фаќаме за Анкара...Анкара,што да ти причам, голема... ја гледаме во далечината после едно 100-тина километри...кој да влегува и зошто? Ќе изгубиме некои 2 часа за тоа,а денес имаме иста голема тура за возење по програмата..Овие денови се предвидени за враќање назад,заради обврските на дел од групата,па решаваме и Истамбул да го скокаме,го оставаме за друг пат,мада сите сме го виделе..Застануваме накратко и скришум од полицајците кои не дозволуваа,правиме некоја фотографија за опростување од Азија и влез во Европа...
Image
Image
Image
Маме му Стамболско 80км..полукруг направивме додека го заобиколивме..застанавме за бензин и планираниот ручек,по еден час,продолжуваме за Текирдаг према Грција...на оваа делница за малку ќе останевме без бензин со Даре..(ама лапаат моторите на овој брз пат брееее)
Стигнуваме во Текирдаг попладнето, се спремаме за последна ноќ во Турција,повторно ГПС-от не води до мотелче,ама овој пат не зезна..прчвара невидена, не ја бендисавме па ај по свое ќе бараме..Видел Вујче на влезот некои убави куќички за издавање па ќе не води тамо...навистина убави,
Image
Image
Оли веднаш ги проба базенот и пивото...По еден мал турнир во табла каде Даре заработи пиво и гиро,малку заебанции и муабет, легнуваме на одмор.. повторно ние со жените касно заспавме, и повторно утрината Даре и Оли насмеани.. :lol:
User avatar
tate
 
Posts: 129
Joined: 23 Oct 2009, 07:13

Re: ТУРЦИЈА - 2010

Postby tate » 28 May 2010, 21:21

10-ти ден.. Текирдаг,граница,Александрополис,Кавала,Аспровалта -400км(за едни) Скопје-700км (за други)

Денес тргнуваме најрано 7.30, досега секогаш во 8.30-9.00 ...желбата за сликање е се помала кога одиш накај дома,а и немаше што толку да се слика по патов..Стигаме на граница,Турците не пуштаат..(Хакан веќе ја платил казната)Земаме по некое ЈЕНИ ракииче за состанок со клубот и влегуваме во Грција(и тоа со елек Македонија)
Image
Овде за прв пат ни побараа меѓународна дозвола...По обавените формалности продолжуваме по убав нов автопат,подалеку од морето,и гледаш само лента и асфалт пред тебе. Свраќаме во Александрополис да наточиме од евтиниот бензин (1,5 еур)и продолжуваме према Кавала и убавите кривинки по пат..Вистинско уживање се тие кривини,ама неспоредливи со они од Фетије-Анталија, (им изгласавме второ место на овие)
Image
Image
Image
Следна станица..Аспровалта,застануваме на автопат,се поздравуваме со Оли и Даре...тие продолжуваат за Скопје,а јас и Вујче со невестите остануваме во Аспровалта на 3-4 дневен одмор и плажа..
Другото не е за спомнување,Оли се јави дека добро пристигнале,ние останатите се опуштаме со салатичка,узо и гиро... малку топлес,малку нудизам,малку брич и толку.
Image
Image
Image
User avatar
tate
 
Posts: 129
Joined: 23 Oct 2009, 07:13

Re: ТУРЦИЈА - 2010

Postby tate » 28 May 2010, 21:26

Среќа што дискутираат со женами за деца и фамилија,а мене тоа не ме занима па ја користам приликава да малку поопширно ја напишам репортажава... 8-)
За крај... влез во нашата ни мила државичка ( се разбира повторно со елекот на Грчка граница) никој А не смееше да каже..(до душа никој и не го загледа убаво).. :lol:
Image

Не ни сонувавме дека клубот го одредил Даре на чека во стенд бај состојба на граница...(за секој случај бре!! сепак имаше Сузуки во групата) :lol: :lol: :lol:
Image

Во сите репортажи од патувања што сум ги читал сум се нервирал што не се спомнувале цени, кои многу ќе помогнат во планов ите на оние што читаат и планираат вакво патување.. одприлика вака стојат работите:
Шаторите ги носевме,ама никаде не ги отворивме...јадевме 3-4 пати во ресторани другото во сопствена режија,(оноа ол-инклузив не го бројам) купивме ситни подароци и сувенири,
Трошокот за самците беше помеѓу 800-900 еур
Трошокот за паровите беше помеѓу 1100-1300 еур
Патиштата низ Турција се убави,наместа со претерано рапав асфалт..ама сепак безбедни и нелизгави..
Камери имаат по градовите,ама полицајците чекаат на влез или излез од градот...тоа важи за внатрешноста, додека по туристичките места полицијата мирува.. Максимална дозволена по автопат е 120км/час со толеранција до 130,и 99% од возачите ја почитуваат, а најубаво е да се прилагодува вожњата спрема локалните возачи...(нашата казна беше некој исклучок, се погоди некој катил џандар)
Населението е гостољубиво,љубезно и сака да помага...
Добив впечаток дека Турците се нови во мото светот... Или беа се нови мотори,или оние старите 50 кубични играчки,некоја средина немаше..
Оние со поголем бизнис,не жалеле фул да го накитат Голд Вингот,оние што се по брзинците возеа нови брзинци.. не видов нешто измеѓу.
Толку за ова патување,се надевам ќе има и други во иднина!

Патувањето си ја вредеше секоја лира,секоја капка пот и секоја модринка на газот !!
User avatar
tate
 
Posts: 129
Joined: 23 Oct 2009, 07:13

Next

Return to Мемоари од членовите на Мото Скопје

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 1 guest

cron