Kayaking, Canyoning & Rafting

Предлози за викенд вожњи,импресии од вожњи и сл.

Kayaking, Canyoning & Rafting

Postby Leon » 09 Jun 2014, 07:16

Предлог од Dr.Бране за рафтинг во Банско. Дестинација одалечена само 250Км од нас со убави предели шума природа и етно култура.
На линков подоле е страната со повеќе информации околу целата работа да видиме заинтересирани има нема. Доколку има заинтересирани да се организира група. Тема за претсојниве состаноци летото е на сам почеток па може да се организираат некои викенди.

http://cloudninechalets.com/summer/kayaking-canyoning-rafting
User avatar
Leon
Site Admin
Site Admin
 
Posts: 96
Joined: 19 Oct 2009, 14:00
Location: Skopje

Re: Kayaking, Canyoning & Rafting

Postby Boge » 09 Jun 2014, 10:48

Na posledniot sostanok Toni dade predlog da se odi na Rafting vo Tara na 10,11,12,13 juli 2014 .
Minatata gogina tamo bese Sterio od Krusevo i rece deka e mnogu ubavo mesto. Mene mi se dopagaat dvete mesta(Bansko i Tara) , no poveke sum za Tara.

OTVORETE GO LINKOT(Ova e od Sterio koj sto bese lani prvo na Tara pa dojde so nas vo uzice i rece deka e mnogu dobro):
http://www.tara-raft.com/sr/


Ova e od Toni:
http://www.raftingtara.com/

pozdrav,
Boge
 
Posts: 2
Joined: 03 Feb 2014, 22:57

Re: Kayaking, Canyoning & Rafting

Postby OLI GOLDWING » 09 Jun 2014, 14:40

Aj od negde ta trgneme, i jas sum za Tara ama mislam Bansko e poostvarlivo, taka da ako se napravi forum jas sum za Bansko
OLI GOLDWING
 
Posts: 4
Joined: 15 Mar 2011, 17:44

Re: Kayaking, Canyoning & Rafting

Postby Boro » 09 Jun 2014, 15:19

Ako se glasa jas sum za Tara (gledav ponudite) pa na more.
Boro
 
Posts: 1
Joined: 04 Feb 2014, 14:46

Re: Kayaking, Canyoning & Rafting

Postby Boge » 09 Jun 2014, 20:07

Tara River Rafting, 09.05.2014. http://www.youtube.com/watch?v=xgFiTvIXrlw
Boge
 
Posts: 2
Joined: 03 Feb 2014, 22:57

Re: Kayaking, Canyoning & Rafting

Postby Sterja » 10 Jun 2014, 07:31

Leon wrote:Предлог од Dr.Бране за рафтинг во Банско. Дестинација одалечена само 250Км од нас со убави предели шума природа и етно култура.
На линков подоле е страната со повеќе информации околу целата работа да видиме заинтересирани има нема. Доколку има заинтересирани да се организира група. Тема за претсојниве состаноци летото е на сам почеток па може да се организираат некои викенди.

http://cloudninechalets.com/summer/kayaking-canyoning-rafting



Го погледнав сајтот. Искрено нема многу информации. Дали др. Бране бил или некој му казувал? Во секој случај јас сум за оваа тура! Не е далеку (може дури и еднодневка). Додека не се види и почуствува не знаеш дали ти се допага. Секој има индивидуално различни вкусови. Јас оваа година имам проблем со органзирање на времето. Неможам предвреме да се организирам и закажам датум. Доколку одредениот термин сум во Скопје секако дека би дошол да го посетам ова ново за мене место.
За Тара пошто сум позван од Боге :) ке пишам на линкот да го споделам моето искуство со некои на кои усно не им ги имам раскажано моите импресии.
Поздрав до сите
Sterja
 
Posts: 10
Joined: 16 Sep 2010, 20:59

Re: Kayaking, Canyoning & Rafting

Postby Sterja » 10 Jun 2014, 08:20

Boge wrote:Na posledniot sostanok Toni dade predlog da se odi na Rafting vo Tara na 10,11,12,13 juli 2014 .
Minatata gogina tamo bese Sterio od Krusevo i rece deka e mnogu ubavo mesto. Mene mi se dopagaat dvete mesta(Bansko i Tara) , no poveke sum za Tara.

OTVORETE GO LINKOT(Ova e od Sterio koj sto bese lani prvo na Tara pa dojde so nas vo uzice i rece deka e mnogu dobro):
http://www.tara-raft.com/sr/


Ova e od Toni:
http://www.raftingtara.com/

pozdrav,


Минатата година пред Ужице бев на Тара. Купив купон од Колектива и тргнав сам ко молња (сите знаете дека сум многу брз со мотор :)).
Тргнав од Скопје на 19.06.2013 среда во 07:30h. Возев Скопје - Брезовица - Призрен - Печ - Рожај - Беране - Плевја - (малку се заебав низ макадам :)) - Горажде - Фоча - Камп Тара. Во кампот бев во 19h. Нормално цел пат кривини планини, живописно и лаксан лаксан со кратки застанувања и уживање во природата низ која минуваш.
Се сместив во кампот солидно сместување кукарки од дрво културни чисти

Image

(ако го споредиш со сместувањето во Дојран по моја туристичка класификација ова беше висока А со 7 звезди :)

Ресторан покрај реката, убава храна, пијалок цени културни.

Image
Image

Следниот ден со џип не носеа низ Сутјеска, прашумата Перучица, планината Мокра гора. Увавини. Ама искрено годинава кога би одел нема да одам на таа тура. Секоја чес, убаво ама такви места низ нашава ни убава МКД има пун курац и релативно сум ги прошетал што со пешки (планинари) што со џип.
Вториот ден РАФТИНГ.

Image

Утрото после доручек ми дадоја да потпишам документ дека нема ни јас ни моето семојство да ги тужи доколку загинам на рафтинг. Упс. Малку непријатно. Ама тоа е тоа. Сум тргнал ке терам па што да биде. Моторчето паркирано покрај камп а не оставив тестамент на кого ке остане :). Не качија во џипови и тргнавме. Излеговме од Босна во Црна гора и низ планински патчиња кон стартот. За мој малер по пат качија еден од оние управувачи на чамците (лиценцирани) малку улав во главата, зборлест и само кажуваше за случки тогаш кога тие паднаа, тогаш кога таа загина. Ах кај тргнав јас. Уште повеке се замислив. Стасавме на стартот. Се облековме и влегуваме во чамец. Назад стои еден управувач лиценциран кој малтене ги знае сите камчиња, карпи, брзаци низ реката. Тој е тој кој го управува чамецот. Ние сите саде адреналин. Лева страна пуном паром веслај, десна страна веслај и се така додека не застанавме на едно попатно одморалиште и пола од дечкиве во чамецот не се очукаа :). Има адреналин, преубаво е а за несигурност џабе сум се плашел. Можеби ризикот е како на мотор. Поризично е отколку да си седиш дома во фотеља и си грицкаш пуканки и си гледаш турски серии.
Попладнето после рафтингот, туш, моторчето под газ и правец за Ужице каде се приклучив на групата од Мото Скопје.
Толку за сега. Доколку некој е заинтересиран за детали повелете.
Поздрав до сите
Слики имам да ставам ама незнам како. Ке контактирам со Леон и ако е можно ке ставам.
Sterja
 
Posts: 10
Joined: 16 Sep 2010, 20:59

Re: Kayaking, Canyoning & Rafting

Postby BrankoS » 26 Jun 2014, 07:47

Важно е дека се договараме, и дека пак се уклучуваме на форумот на МотоСк.
Не сум бил на Рафтинг на Струма . Ја видов информацијата пред 2-3г за време на скијање во Банско, но ми кажаа дека не е толку адреналински како Тара. Тара ја сонувам, ама ке ја сонувам и понатака бидејќи сум со фамилијата на одмор во тој период.
Ама Банско и рафтинг на Струма може да остане за на есен, да се надеваме дека нема да не убие дождов како оваа пролет...

Ајде дајте и други идеи :)
BrankoS
 
Posts: 18
Joined: 05 Dec 2009, 01:00


Return to Кој,Каде,Како за викендов

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 1 guest

cron